Комуналната служба продолжува со активности во Дексион

Комуналните служби продолжуваат со чистење на улиците во урбаната заедница Дексион во Ѓорче 2. Подигнати се 2 камиони со смет кои несовесно се расфрлаат по тревните површини до сообраќајниците. Истовремено се чистеа и тротоарите. Апелираме до сите граѓани да се придржуваат до законот за јавна чистотасо што првенствено би обезбедиле почиста општина и поздраво место за живеење. Секој од нас треба да покаже повисок степен на грижа за хигиената во средината каде што живее.