Комплетирана улица 49 во Волково

Заврши асфалтирањето на улица 49 во село Волково. Со ова локалното население доби уште едно поврзување со сред село  како и линија кон обиколницата од страната на Стопански Двор. Улицата е во должина од 1 километар и широчина од 3,5 метри. Со ова значително се растеретува сообраќајот на главната улица 101. Продложуваме согласно предвидената динамика и временските услови.