Капитални инвестиции за 2019, советниците дадоа зелено светло за старт на проектите

Советот на општината даде зелено светло за отпочнување капитални проекти кои се од суштинско значење за жителите на Ѓорче Петров. Предвидено е  годинава да се отпочне со реализација на проектот за Регулација и уредување на речното корито на  реката Лепенец. Министерството за образование веќе обезбеди средства за изградба на училишна спортска сала во ООУ Јоаким Крчовски во Волково. За прв пат општината ќе добие и затворен училишен базен. Агенцијата за млади и  спорт комплетно застанува зад изградбата на базенот, а земјиштето во дворот на ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски ќе го обезбеди општината. Истовремено локалните избраници едногласно ја усвоија Физибилити студијата за воспоставување на договор за ЈПП,  со што ќе започне проектот за модернизација на јавното осветлување со поставување на ЛЕД-светилки.