Се приклучуваме кон кампањата на МТСП и ОБСЕ за превенција од семејно насилство

Општина Ѓорче Петров се приклучува кон кампањата на Министерството за труд и социјална политика и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за превенција од семејно насилство.

За таа цел изработено е видео за информирање на општата јавност и на жртвите на семејно насилство каде да се обратат и што помош можат да добијат.

Ги охрабруваме сите кои се жртви на домашното насилство истото да го пријават во релевантните институции-МВР, СОС линиите, здравствените установи и центрите за социјална работа.