Камен-темелник на нови станбени единици за корисници со ментална попреченост

За две нови станбени заедници наменети за корисници со попреченост во менталниот развој, инвестиција на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино денеска беше поставен камен-темелник во Волково на чие осветување присуствуваше и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Овој центар веќе има речиси целосно реновирано седиште во Волково и во одлични услови во континуитет ја згрижува оваа категорија лица.

Општина Ѓорче Петров останува стабилен и сериозен партнер на приватните инвеститори, кои преку инвестиции ќе допринесат за нови проекти, нови вработувања и подобар живот на граѓаните на општината.