И Ѓорче Петров си има свој Симон Трпчевски-Арда Мустафаоглу

Музиката не познава граници, раси, етникуми ниту политика. 16 годишниот пијанист, Арда Мустафаоглу е вистински музички амбасадор. Горди сме  што еден наш Ѓорчевец достојно не претставува и промовира во светски размери а за тоа говорат многуте интернационални награди и освоените први места. Безрезервно ја поддржуваме културата, а младиот Арда ја има нашата поддршка.  Во февруари, за прв пат еден македонец ќе настапи на меѓународниот пијанистичкиот натпревар „Понтуаз“ во Франција а тоа ќе биде Арда. Среќно!

Арда Мустафаоглу е пијанист од Скопје. Добитник е на многу награди на интернационални натпревари во Белгија, Турција, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Албанија, Македнија, Грција, како и на интернет натпревари. Иако има само шеснаесет години, тој има бројни рецитали и настапи во Ахен, Бон, Дурен, Хамелбург, Касел (Германија), Мантова и Венеција (Италија), Анталија и Истанбул (Турција), Атина (Грција), Модане и Париз (Франција), Перник и Софија (Бугарија), Скопје, Штип и Велес (Македонија), Сремска Митровица и Врање (Србија).

Добитник е и на наградата 13 Ноември , за посебен придонес и афирмација на Град Скопје во светот.