Исчистен паркингот кај пазарчето-апелираме за свесност

Комуналната служба на општина Ѓорче Петров целосно го исчисти паркингот спроти пазарчето во општината кој е критична точка во однос на хигиена.
Службата во континуитет ја одржува чистотата во овој дел на општината, но поради зголемената фрекфенција на луѓе поради пазарот, како и маркети во околината, овој паркинг честопати е мета на смет.
Апелираме за свесност и совесност од граѓаните, но и околните маркети за да се одржува паркингот чист на долг рок.