Исчистени канали на реката Лепенец и низ Ново Село

Општина Ѓорче Петров стартуваше со чистење на каналите кај последната автобуска станица “22” кај реката Лепенец и останати низ Ново Село. Чистена е бујна вегетација, наноси и слично со цел граѓаните да имаат вода за наводнување во веќе започнатата пролетна сезона на земјоделски култури.
Продолжуваме со обезбедувањето услови за плодна работа на земјоделците. Во таа насока, општината веќе отвори и земјоделска канцеларија во Ново Село, каде граѓаните може да се информираат за сите активности кои ќе бидат преземани во насока на развој на оваа гранка.