Истекува рокот за годишна даночна пријава

Со цел доближување на услугите до даночните обврзници и избегнување на метежите, покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција, Управата за јавни приходи (УЈП) отвори и дополнителни шалтери во неколку општини, меѓу кои и Ѓорче Петров (урбаната заедница). Во четврток истекува рокот за пријава. Од УЈП потсетуваат сите оние кои не пријавиле, тоа да го сторат во овие два дена. Канцеларијата во Ѓорче Петров им олесни на голем број граѓани кои својата годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок досега ја доставија во оваа подрачна единица.