Интервенција на детско игралиште во Волково-Пржина

Општина Ѓорче Петров продолжува со интензивна реконструкција на детските катчиња за игра и забава кај најмладите. Деновиве, во Волково-Пржина ги саниравме штетите и повторно го адаптиравме детското игралиште за користење. Покрај нови елементи, поставени се и клупи за седење покрај игралиштето.