Интензивно чистење и отстранување на отпадот

Комуналните служби на Општина Ѓорче Петров континуирано работат  на отстранување на отпадот . Денеска, дислоцирана е поголема количина на смет која се наоѓаше  на патот кон село Кучково, како и отстранет е сметот на патот кон село Орман кај надвозникот. Службите продолжуваат со засилено темпо. Истовремено, апелираме на подигнување на еколошката свест кај локалното население се со цел зачувување на животната средина која ни овозможува здрав живот.