Интензивно се работи на нови линии на улично осветлување

По пријава на граѓани, службите интензивно продолжуваат со интервенција и пуштање нови линии на уличното осветлување, врз основа на веќе одобрените барања на територија на целата општина. Интензитетот на работата, воглавно, ќе зависи од временските услови. Граѓаните може да пријават проблем во општината или во секторот-урбанизам, за навремено да се излезе на терен онаму каде што има проблем со осветлувањето.