Интензивна градба на 3 занимални во градинката Росица-клон Детелинка

Недостигот со капацитети во градинките е проблем со кој општина Ѓорче Петров се соочи и кој етапно го решава.

Градинката Детелинка во Мирче Ацев ќе добие дополнителни 3 занимални. Капацитетите ќе  се прошират за нови 90 места.

Задоволни сме од темпото на градежните работи, кои треба да финишираат во мај следната година, изјави градоначалникот Александар Наумоски при посетата на градежните работи придружуван од директорката Маја Ристовска.

За изградба на занималните одвоени се 14 милиони денари , 11 милиони од Министерството за труд и социјална политика и три милиони општински средства.