Изложба Ане Василевски-Звуци на културата 2019

По повод одбележувањето на Денот на општина Ѓорче Петров на 20 септември, во Домот на културата  се отвори  и изложба на познатиот македонски карикатурист Ане Василевски.

Посетителите имаа можност да уживаат во триесетина дела, изработени од врвното  перо на Василевски со техника туш, дрвени бои и акварел. На изложбата беа претставени и девет дела, графики изработени од ќерката на Ане, Данче Василевска.

Изложбата на Василевски вечерта беше поставена во реконскиот парк во Ѓорче Петров каде по втор пат се одржа манифестацијата Звуците на културата.

Василевски Ане е роден во с.Брезно – Тетовско на 21.8.1947год.

Завршил Педагошка академија во Скопје, и апсолвирал на Градежниот факултет во Скопје. Првата карикатура ја објвил во 1960 година во весникот ,,Трудбеник,, Соработува во ,, Нова Македонија,, ,,Борба ,, ,, Јеж,, ,, Павлиха,, ,, Дело ,, ,, Вечер,, ,, Млад борец,, ,,Слободна далмација ,, ,,Студентски збор,, и др, а карикатури објавува во познати весници и списанија од : Франција, Романија , Турција, Италија, Канада, САД, Заедницата на Независна Држава Полска, Чехословачка, Белгија, Велика Британија, Иран , Кина итн.

Ја Претставува Р. Македонија како соработник во угледното списание ,, Вити Ворлд од САД. Еден е од основачите и прв претседател на Здруженитео на карикатуристистите на Македонија, која заедно со Велика Британија, Белгија и Холандија се појавува како земја- основач на Европското Здружение на карикатуристи (FECO).

Бил организатор на изложби на македонската карикатура во : Италија , Франција, Турција, Бугарија, Романија, Грција, Албанија и други земји. Има објавено две збирки карикатури со ист наслов ,, Косо гледано,, (1980, 1988), и илустрации.

Самостојно излагал во Загреб, Копривница, Јесенице, Прилеп, Делчево, Форте деи Марми и Порто Сан Џорџо( Италија) , Мугла( Турција), Софија, и Пловдив, ( Бугарија), Славонски Брод(Хрватска), Брно,(Чехословачка), Кичево, Берово, Техеран,-(Иран), Анкара(Турција),Јапонија и други места.

Учествувал на повеќе меѓународни изложби на карикатурата, меѓу кои во Скопје, Монтреал, Истанбул, Кнок Хеист, Тренто, Париз, Москва, Единбург, Будимпешта, Габрово, Толентино, Бордингера, Краков, Братислава, Брисел, Лион, Беринген, Амстердам, Атина, Нипон и Саитама Кавасаки Јапонија. Беше раководител на Светската Галерија на Карикатури во Скопје, а работеше како професионален карикатурист во весникот ,, Остен,, .

Добитник е на повеќе награди за карикатура во: Кнок, Хеист (1981), Акшекир(1982), Скопје (1982, 1984, 1987), Хавана, Куба, (1984,1988,1991) Единбург(1984, 1985), Истанбул(1985, 1991, 1992), Суидад Мексико (1988). Рибница(1988),Тренто(1988). Наградата ,,Пјер,,(1989), Токио(1990), Будимпешта(1990), Петрошани (1991), Сеул (1992). наградата ,,13 Ноември,, на Градот Скопје, на Годишната награда Здруженито на карикатуристите на Македонија ,, Василие Поповиќ Цицо, на Годишната награда на Републичката заедница на култура на Македонија(1990), на наградата на жирито на тиражниот ,, Јомиури Шибун,, во Токио ( Јапонија, 1992), на IV награда во Охотск

(Јапонија, 1993), на II и специјална награда во Хавана (Куба 1993), на Специјалната награда во Сеул(Кореа 1993), Наградата за годишното остварување во Виница (1993).

Добитник е на врвната репибличка награда ,, 11 Октомври ,, (1995) и на 13ти Ноември на Град Скопје.

Илустратор е на 5 книги и се занимаваше со снимање на документарен филм филм, како: ,, Сестри и Перачки и др во режија на Аљоша Силјановски .

Беше градоначалник на Општина Ѓорче Петров 2000-2004 год.

Почина на 12.12. 2004 год