Изградба на пристапна улица низ јавна површина во СЗ15

Информација во врска со Тендер бр.МСИП-НЦБ-128-19: Потпишан Договор за ”Изградба на пристапна улица низ јавна површина во СЗ15 ” помеѓу Општина Ѓорче Петров и ДГТУ ”ЛЕНДИ ГРУП” ДООЕЛ- Скопје.

На ден 08.11.2019 год. Општина Ѓорче Петров потпиша Договор со економскиот оператор ДГТУ ”ЛЕНДИ ГРУП ” ДООЕЛ- Скопје, чија понуда беше избрана за економски најприфатлива, согласно критериумите на МСИП – Проект на Светска Банка при Министерство за финансии на Република Северна Македонија, за изведба на проектот: Изградба на пристапна улица низ јавна површина во СЗ15 во општина Ѓорче Петров.

Проектот предвидува изградба на ново проектирана пристапна улица со вкупна должина од L=180m’, чиј почеток е во спојот со улица “3” (кај Бул.Македонска Војска, односно спроти новиот објект на Полициска Станица Ѓорче Петров), а завршува како слепа улица со свртувалиште-паркинг (до чешмата за вода кај саатчијата и берберската работилница).

Предвидените активности со проектот за подобрување на општинските услуги, се:

  • Изградба на пристапна улица низ јавна површина (низ постоечкиот парк, а паралелно со Бул.Македонска Војска) со вкупна должина од L=180m’ и ширина на коловозот од 5,50m;
  • Изграба на свртувалиште-паркинг простор, чија широчина ќе биде 5,00m ;

За пристапната улица е предвидено соодветно решение за одводнување на атмосферските води преку подолжни и попречни наклони, кои ќе бидат прифатени од новопредвидените сливници кои пак ќе ја спроведат атмосферската вода во постоечка атмосферска канализација на Бул.Македонска Војска.

Согласно обврските кои произлегуваат од потпишаниот Договор, на ден 22.11.2019год., изведувачот е воведен во работа, односно извршено е предавање на градилиштето, а краен рок за завршување на градежните работи кои се предмет договорот е 20.02.2020год.

Вкупна вредност на договорот е: 3.873.704,00МКД