ИЗВЕСТУВАЊЕ

Имајќи ги во предвид насоките од Влада на РСМ во координација со Град Скопје во врска со актуелната вонредна состојба, како Кризен штаб на општина Ѓорче Петров Ве известуваме дека до 23.03.2020 година (понеделник) сите правни субјекти со соодветна логистика на територија на општина Ѓорче Петров е потребно до општината да достават листа на лични капацитети како: механизација, опрема, просторен и човечки потенцијал во функција на поддршка на активностите на општината во справување со состојбата во услови на вонредна состојба.
Лице за контакт:
Марјан Стојановски
(071/238962)

Кризен штаб на општина Ѓорче Петров
Градоначалник,
Александар Наумоски