Известување

Почитувани родители,

Министерството за здравство на територија на град Скопје прогласи епидемија на мали сипаници – Морбили.
Согласно одлуката на министерството, градинките на територија на Општина Ѓорче Петров  од денеска 03.01.2019 година,  ќе примаат САМО деца кои ја имаат примено МРП- вакцината.

Апелираме до родителите да се придржуваат до насоките на Министерството за здравство, со цел намалување на опасноста од понатамошно проширување на епидемијата.

Ваквата мерка стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Населението од ова исклучително опасно заболување може да се заштити со вакцинација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што посочуваат дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.