ИЗВЕСТУВАЊЕ Проект „За поврзување на локални патишта“ ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРЕСТОЈНИ АКТИВНОСТИ  ОСНОВЕН ПРОЕКТ – „Реконструкција на ул. Антон Кецкаров“ Понеделник, 5 октомври 2020 година, почеток: 13:00 ч. Парк во круг на главната општинска зграда, ул. Ѓорче Петров бр. 73 Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров со задоволство ги поканува сите жители на општината со живеалиште на ул. Антон Кецкаров,  да присуствуаат на презентацијата на основниот проект „Реконструкција на ул. Антон Кецкаров“,  во рамките на Проектот „За поврзување на локални патишта“  финансиран од Светска Банка, а спроведуван од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Целта на проектот е да се подобри патната инфраструктура и поврзувањето на локалните патишта.

Ги повикуваме жителите на ул. Антон Кецкаров да  присуствуваат и ги слушнат престојните активности во врска со презентираниот проект за реконструкција на улицата.

При организација на презентацијата, ќе бидат запазени сите здравствени протоколи, односно физичка дистанца, носење заштитни маски и користење средства за дезинфекција, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19.  Задолжително е носењето на заштитна маска за сите присутни.

Ве очекуваме во паркот во кругот на општина Ѓорче Петров.