Известување за улични светилки

Поради зачестените кражби на струја од системот за улично осветлување, настануваат дефекти на мрежата и цели линии на светилки престануваат да светат. Службите за енергетска ефикасност се во постојана битка со дивите приклучувачи. Иако во континуитет се менуваат светилките, кражбите на електрична енергија значително влијаат на нивниот квалитет  како и на нивното прегорување. Апелирме до граѓаните  на совесност и почитување на законите, во спротиво за стореното кривичното дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, се предвидува  казна до 5 години затвор како и парични казни од 5000 до 20 000 евра.