Известување за времен режим на сообраќање и движење поради изведба на корзото

Ве известуваме дека во периодот од 29.11.2019год. до до крајот на месец Фебруари, 2020 год. ќе се изведуваат градежни работи на локација во паркот на Општина Ѓорче Петров.

Во овој период ќе се изведуваат градежни работи во рамките на проектот Партерно уредување на јавна површина наменета за пешачко движење, детски игралишта, јавни собири – КОРЗО II во општина Ѓорче Петров чиј изведувач е фирмата ДГТУ “ЛЕНДИ ГРУП” ДООЕЛ Скопје, а инвеститор е Општина Ѓорче Петров (со заемски средства од МСИП-Проект на Светска Банка), ćе со цел подобрување на условите за живот на локалното население.

Локацијата каде ќе се изведува  партерно уредување се наоѓа на потегот на старото корзо во Општина Ѓорче Петров, простор меѓу општинскиот парк и  објектот на супермакетот ТИНЕX и меѓу трговскиот центар „Емпорио“ и новопроектираниот кружен тек (Бул.„Ѓорче Петров со Бул.„Македонска Војска“). Потегот во две точки продира кон бул „Ѓорче Петров“. Првиот пробив е од ТИНЕКС кон автобуската постојка во правец кон општина Сарај, додека другиот пробив е новопроектиран  според урбанистичкиот план на местото на објектот на водовод и канализација.

Непречено движење на пешаците ќе биде обезбедено преку постоечките пешачки-тротоарски зони долж бул.Македонска Војска, долж бул.Ѓорче Петров и постоечката улица помеѓу паркот и трговскиот центар Ѓорче Петров (спроти зелениот пазар). Сите останати и постоечки пешачки површини кои ќе бидат надвор од обележаното и оградено градилиште ќе бидат слободни за пешачко движење( со почитување на поставените знаци за внимание и претпазливост).

Најточна информација за одвивање времен режим на сообраќај, дотур на роба во маркетот “ТИНЕКС” и останатите објекти со услужна дејност, ќе биде објавена на ТАБЛА која ќе ја постави инвеститорот на сите влезови од градилиштето.

Ве молиме за рабирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за потребите од брзо и навремено спроведување на градежните работи во горе наведениот временски период.

За дополнителни прашања/информации/забелешки, Ве молиме да се обратите кај лицето Тони Пројковски (контакт телефон: 2033-471 / лок.13) или директно во Сектор за Урбанизам, комунални дејности, заштита на животна средина, ЛЕР и ЕЕ на Општина Ѓорче Петров каде ќе биде поставено сандаче за пофалби и поплаки во врска со проектните активности.

Истовремено во општината во секторот за урбанизам ќе биде поставено сандаче за жалби и поплаки во кое граѓаните ќе може да ги достават своите размислувања со овој проект