Избран нов командир на полицијата во Ѓорче Петров

Советот на општина Ѓорче Петров на денешната седница го изгласа Љупчо Живковски за нов командир на полициската станица во општината.

Живковски е долгогодишен припадник на полициските сили. Со своето богато искуство и биографија, тој ги исполни критериумите да застане на чело на полицијата во Ѓорче Петров.

На денешната седница пред градоначалникот Александар Наумоски и советниците, Живковски се заложи дека ќе ја врши својата работа совесно и одговорно и во интерес на граѓаните.