,,ИДЕИ ЗА ЃОРЧЕ”  Проектен форум на заедницата, Трета форумска сесија

Проект: „Зајакнување на општинските совети“

Среда, 19 август 2020 година, почеток: 10:00

Парк во круг на главната општинска зграда, ул. Ѓорче Петров бр. 73

Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров со задоволство Ве поканува да присуствувате на третата форумска сесија  во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.

На првата и втората форумска сесија и двете работилници, граѓаните организирани во тематски работни групи, дадоа идеи и развија шест предлог проекти.  Водејќи се од начелото на решавање на прашања од областа на социјалната инклузија, работните тимови редлог-проектите ги опфаќаат речиси сите сфери на општественото живеење: социјална заштита, култура, спорт, туризам, образование, безбедност во сообраќајот и сл.  На третата форумска сесија ќе бидат презентирани првичните верзии на целосните проектни апликации со планираните активности и буџетот за реализација на истите.

При организација на третата форумска сесија, ќе бидат запазени сите здравствени протоколи, односно физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19.  Контакт деталите на сите учесници на настанот ќе бидат споделени со соодветна здравствена институција, во случај на потреба.

Проектот, меѓу другото, има за цел да придонесе кон одговорни и транспарентни општински власти и активни и вклучени граѓани и граѓански сектор.  Максималниот износ на проектниот грант е 2.700.000 денари или 50.000 CHF .

Ве очекуваме во општина Ѓорче Петров, заедно да дискутираме за предлог  проектите со кои ќе се обидеме да решиме дел од проблемите кои ги засегаат жителите на општината.