ИДЕИ ЗА ЃОРЧЕ Проектен форум на заедницата, Втора форумска сесија

Проект: „Зајакнување на општинските совети“

Четврток, 30 јули 2020 година, почеток: 10:00

Парк во круг на главната општинска зграда, ул. Ѓорче Петров бр. 73

Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров со задоволство Ве поканува  да присуствувате на втората форумска сесија  во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.

Проектот, меѓу другото, има за цел да придонесе кон одговорни и транспарентни општински власти и активни и вклучени граѓани и граѓански сектор.  Максималниот износ на проектниот грант е 2.700.000 денари или 50.000 CHF .

На првата форумска сесија и работилница, граѓаните организирани во тематски работни групи, дадоа идеи и развија шест концепти за предлог проекти.  Предлог-проектите ги опфаќаат речиси сите сфери на општественото живеење: социјална заштита, култура, спорт, туризам, образование, безбедност во сообраќајот и сл.

При организација на втората форумска сесија, ќе бидат запазени сите здравствени протоколи, односно физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19.  Контакт деталите на сите учесници на настанот ќе бидат споделени со соодветна здравствена институција, во случај на потреба.

Ве очекуваме во општина Ѓорче Петров, заедно да дискутираме за концептите за предлог-проекти со кои ќе се обидеме да решиме дел од проблемите кои ги засегаат жителите на општината.