Зголемена безбедност на улица 4-ти јули

Поставени се рефлектирачки заштитни столпчиња на улицата 4-ти Јули во Ѓорче Петров, за физичко издвојување на новата вело патека и стеснување на просторот за автомобилите од двете страни на улицата.
Оваа сообраќајница беше една од најцрните точки во градот заради лошата сообраќајна сигнализација и несоодветните урбанистички решенија.
По барање на околните жители, за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот беа преземени голем број мерки за смирување на сообраќајот на оваа улица, а беше поставен и семафор кај основното училиште “Мирче Ацев”.