Звуци на културата 2019 година

Звуци на културата ги спојуваме со еден за нас многу значаен датум. Всушност на 20 септември пред 74 години населеното место Ханриево со одлука на Народната Влада е преименувано во Ѓорче Петров. Оттука почнува и приказната за ѓорчепеторовци .

8 децении нашето Ѓорче испишува страници на историја  а ние само се трудиме да вметнеме моменти кои ќе остават траен белег во списите и писанијата за општината.

Звуци на културата е уште една вредност, уште една манифестација која сакаме да прерасне во традиција. Втора година по ред ја дисперзираме културата, не само во централното градско подрачје, туку и тука кај нас, во паркот во Ѓорче.

Во изминатите 3 дена посетителите уживаа во богатата програма.

Трите денови беа исполнети со богата културно-уметничка програма, како и низа активности за најмладите, но и за повозрасните граѓани. Настапи на културно-уметнички друштва, хорови, музички точки на училишта, баскер артисти, танцување, проекција на филм, мјузикл, концерти, театар се само дел од она што  го збогати културно-забавниот живот во општина Ѓорче Петров. И оваа година и овие звуци на културата ставаме акцент на домашните, македонски изведувачи. Имавме програма која ги опфати сите старосни граници, најмладите, тинејџерите, нивните родители а се разбира и највозрасните-бабите и дедовците.Понудимве програма за сите генерации.

ФОТОГАЛЕРИЈА 20-22 СЕПТЕМВРИ-ЗВУЦИ НА КУЛТУРАТА 2019, ПАРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ