„За поврзување на локалните патишта“, ќе се санираат 450 километри локални улици и патишта во 80 општини и во Скопје

Механизам за жалби и поплаки за реконструкција на улица ,,Антон Кецкарови дел од Пекљане и улица ,,Кузман Шапкарев

Владата на Република Северна Македонија обезбеди финансиска подршка од Светска Банка за подобрување на локалната патна мрежа и условите за живеење во општините на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

За целите на реконструкција на постојната локална патна инфраструктура (урбаните/руралните улици, регионалните и локалните патишта), пешачките патеки, уличното осветлување, одводнувањето и градењето на капацитетите на општинскиот персонал, инвестиција од 70 милиони евра е обезбедена и надлежен орган за искористување на средствата е Министерството за транспорт и врски (МТВр) односно преку Единица за имплементација на проектот (ЕИП) со спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта
(ППЛП).

Преку овој проект ППЛП општина Ѓорче Петров доби финансиски средства за реконструкијца на улица ,,Антон Кецкаров” и дел од Пекљане во УЗ Даме Груев,  и улица ,,Кузман Шапкарев” во УЗ Дексион.

Вклучувањето и континуираната интеракција со различните групи на засегнати и заинтересирани страни е клучно за зголемување на прифаќањето на планираните мерки и активности и за нивно успешно спроведување. Целта на процесот на информирање и консултација е да се извести јавноста за планираната реконструкција/рехабилитација на погоренаведенит улици во општина Ѓорче Петров, и да се добие повратна информација од претставниците на локалната самоуправа, жителите, а особено од засегнатите и заинтересирани страни (нивните потреби, гледишта и мислења поврзани со Проектот).

Јавноста, а особено заинтересираните и засегнатите страни, ќе може да ја искористат постапката за Механизам за жалби и поплаки и активно да учествуваат при реализација на Проектот.
Со цел добивање жалби и поплаки од засегнатите и заинтересирани страни, ЕИП воспостави постапка на Механизам за жалби и поплаки кој вклучува Образец за жалби и поплаки од засегнатите и заинтересирани страни за време на градежната фаза при реализација на Проектот.

Образецот за жалби и поплаки ќе биде достапен во електронска форма на веб-страната на Министерството за транспорт и врски и официјалната веб-страна на општина Ѓорче Петров.

Образецот за жалби и поплаки кој може да се користи при изведување на градежните работи е подготвен за локалното население (доколку се случи еколошки или било каков друг инцидент или оштетување на приватна сопственост).

Локалното население ќе се запознае со оваа можност преку Информациите објавени на Информативната табла во рамките на единицата на  локалната заедница, веб-страницата на општината и преку локално радио или локална ТВ станица, како и на официјалната веб страница на МТВр.

ЕИП ќе обезбеди Механизмот за жалби и поплаки да може да одговори на сите добиени жалби и поплаки, особено од засегнатите страни и ранливите групи.

Во случаи кога жалбата и поплаката не е целосно пополнета или не е доволно јасна, ЕИП ќе помогне и ќе дава совети за формулирање / дополнување на поднесената жалба и поплака, за да може истата да стане јасна, и за да може ЕИП да донесе одлука, која ќе биде во најдобар интерес на лицата засегнати од реализацијата на Проектот.

Доколку ЕИП не е во можност да најде краткорочно решение на проблемот, тогаш ќе се изнајдат долгорочни корективни мерки за решавање на истите.

Подносителот на пријавата ќебиде информиран за предложените корективни активности и за нивното следење во рок од 25 календарски дена по признавањето на жалбата и поплаката. Во ситуација кога ЕИП не може да го реши конкретниот проблем преку Механизмот за жалби и поплаки или доколку нема потреба од никакво дејствување, тогаш ќе обезбеди детално објаснување / образложение за тоа зошто не е решено прашањето. Одговорот, исто така, ќе содржи објаснување за тоа како лицето / организацијата што ја покренала жалбата и поплаката може да покрене повторно поплака во случај исходот да не бидезадоволителен.

Во секое време, жалителите можат да бараат други правни решенија во согласност со законската легислатива на Република Северна Македонија, вклучувајќи и формална судска жалба.

Поплаките може да се пополнат усно преку телефон, во писмена форма (по пошта или e-mail) или со пополнување на Образецот за жалби и поплаки.

Образецот за жалби и поплаки ќе биде достапен на веб-страницата на општина Ѓорче Петров  заедно со јасни информации за тоа како повратни информации, прашања, коментари, загрижености и поплаки можат да бидат доставени од која било заинтересирана страна и информации во врска со управувањето со Механизмот за поплаки од ЕИП и во однос на постапката и роковите.

 

 

Контакт лице од Единица за Имплементација на Проектот

Г-ѓа Сашка Богданова Ајцева

Консултант за животна средина и социјални аспекти

Тел: + 389 (2) 3145 531

Е-пошта: saska.bogdanova.ajceva.piu@mtc.gov.mk

Адреса: Министертсво за транспорт и врски-Единица за Имплементација на Проект

Ул. “Даме Груев” бр. 6

1000 Скопје

Република Северна Македонија

web: http://mtc.gov.mk/proekt%20za%20loklani%20patista%20lrcp

 

Контакт лице од општина Ѓорче Петров

Г-ѓа Сашка Велков,

соработник за комунални дејности и инфраструктура

Teл: 02 2033-471

Е-пошта: s.velkov@opstinagpetrov.gov.mk

Општина Ѓорче Петров

Ул. Ѓорче Петров бр.73

1000 Скопје

Република Северна Македонија

 

Контакт лице – Координатор на претседатели на Месни и Урбани заедници

г-дин Марјан Стојановски

тел. 071 238 962

Република Северна Македонија

 

Контакт лице, претседател на УЗ Даме Груев

Г-дин Душко Спировски

тел. 070 799-799

Контакт лице, претседател на УЗ Дексион

Претседател: Г-дин. Методија Бебековски

тел. 072 644 – 702

 

 Во прилог образец за жалби и поплаки

Образец