Засадени дрвја на локација спроти реонскиот парк

Градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, заедно со со претставници од надлежните институции засадија дрвја на локација спроти реонскиот парк во Ѓорче Петров.
Акцијата е во рамки на иницијативата на Град Скопје за засадување дрвја во неколку општини, а предвидено е Градот да продолжи со истата и на други локации во останатите локални самоуправи.