Започнува уписот на првачиња во основните училишта

Општина Ѓорче Петров информира дека од денес, 02.05 до 31.05.2019 година во шесте општински основни училишта ќе се врши запишување на деца во прво одделение.
Согласно Законот за основно образование уписот на ученици во I (прво) одделение за учебната 2019/2020 започнува во месец мај, 2019 година. Секое дете кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години (родено од 01.01.2013 до31.12.2013 односно 31.01.2014) задолжително треба да биде запишано во I (прво) одделение.
При запишување на детето во I (прво) одделение родителот е должен да ги достави следниве потрбени документи:
-Изводот од матична книга на родени на увид (јавна исправа со неограничен рок на важење);
-Лекарска потврда за примените задолжителни вакцини издадена од надлежната здравствена установа;
-Потврда за систематски преглед на оралната празнина издадена од стоматолог на Јавно здравство во Поликлиника Ѓорче Петров;
-Лични карти од двајцата родители/старатели на увид, како доказ за местото на живеење;
-Досие на детето издадено при испис од градинката (најдоцна до 31-ви август).
Уписите на децата кои живеат на територијата на Општината Ѓорче Петров треба да се одвиваат согласно списоците на деца родени од 01.01.2013 до31.12.2013 односно 31.01.2014 година кои се доставени до сите основно училишта од страна на ДПИ преку Општина Ѓорче Петров.
Со цел уписите да се одвиваат согласно усвоената реонизација, од страна на Општината Ѓорче Петров е изготвена Процедура за упис во I (прво) одделение која училиштата треба да ја почитуваат.
Децата од Општина Сарај не можат да се запишат во I (прво) одделение во училиштата во Општина Ѓорче Петров.
Им се укажува на Директорите на основните училиштата дека при уписите во прво одделение строго треба да се придржуваат до Одлуката за реонализација и да вршат упис само на учениците од својот реон. За непочитување на Одлуката за реонализација ќе сносат лична одговорност.