Започнува втората фаза од изградба на корзото

Информација во врска со Тендер бр.МСИП-НЦБ-120-19: Потпишан Договор за  “Партерно уредување на јавна површина наменета за пешачко движење , детски игралишта, јавни собири КОРЗО II во општина Ѓорче Петрови ДГТУ ”ЛЕНДИ ГРУП” ДООЕЛ- Скопје.

На ден 25.11.2019год. Општина Ѓорче Петров потпиша Договор со економскиот оператор ДГТУ ”ЛЕНДИ ГРУП ” ДООЕЛ- Скопје, чија понуда беше избрана за економски најприфатлива, согласно критериумите на МСИП – Проект на Светска Банка при Министерство за финансии на Република Северна Македонија, за изведба на проектот: Партерно уредување на јавна површина наменета за пешачко движење , детски игралишта, јавни собири КОРЗО II во општина Ѓорче Петров.

Проектот предвидува комплетна изведба на Фаза II од проектот за “Партерно уредување на јавна површина наменета за пешачко движење, детски игралишта, јавни собири/КОРЗО во општина Ѓорче Петров” во реонскиот парк на општината на површина од 5984m2 на која ќе бидат поставени содржини кои ќе формираат пет тематски целини кои пак взаемно ќе создадат атрактивна јавна површина- наменета за сите граѓани на урбаниот и руралниот општински дел:

  1. Партер
  2. Павињон 1
  3. Типска клупа 1, 2 и 3
  4. Типска канта за отпадоци
  5. Хортикултура

Локацијата каде ќе се изведува  партерно уредување се наоѓа на потегот на старото корзо во Општина Ѓорче Петров, простор меѓу општинскиот парк и  објектот на супермакетот ТИНЕX во правец север југ и меѓу трговскиот центар „Емпорио“ и новопроектираниот кружен тек (Бул.„Ѓорче Петров со Бул.„Македонска Војска“) во правец исток – запад. Потегот во две точки продира кон бул „Ѓорче Петров“. Првиот пробив е од ТИНЕX кон автобуската постојка во правец кон општина Сарај, додека другиот пробив е новопроектиран  според урбанистичкиот план на местото на објектот на водовод и канализација.

Согласно обврските кои произлегуваат од потпишаниот Договор, на ден 29.11.2019год., Изведувачот е воведен во работа, односно извршено е предавање на градилиштето, а краен рок за завршување на градежните работи кои се предмет договорот е крајот на месец Фебруари, 2020год.

Вкупна вредност на договорот е: 16.832.513,84МКД