Започна реконструкцијата на улица ,,Радушка” во Дексион.

После 6 децении, овој коловоз ќе добие нов асфалт. Во широчина од 9 метри, ќе се асфалтираат 560 метри. Безбедноста на пешаците ќе се зголеми со поставување на тротоар по целата должина со широчина од еден метар.
Минатата година на овој потег општината изведе и атмосферска канализациона мрежа.
Средствата од 4.400.000 денари се обезбедени од општинскиот буџет.