Започна есенското бехатонирање на улици во руралниот дел на општина Ѓорче Петров

Поплочени се со бехатон плочки улица 2 и улица 2а во Кисела Јабука во должина од 120 метри. Согласно договорот за поставување на павер елементи, следи бехатонирање на уште 5 улици во Кисела Јабука во должина од 500 метри, три улици во Ново Село во должина од 600 метри,  Волково -Пржина 100 метри и тампонирање на улица 5 во должина од 1000 метри. Динамиката на изведба зависи од временските услови.