Започна доградбата на ПООУ ,,Димитар Поп Георгиев Геровски” во Хром

Општина Ѓорче Петров впишува уште еден капитален проект на својата мапа: Доградба на подрачното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски во Хром. Градоначалникот Александар Наумоски заедно со Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска извршија увид во градежните работи.
Училиштето добива: дополнителни 6 училници, 2 кабинети за наставниците,4 јавни тоалети,2 тоалети за децата со посеби потреби, хоризонтална и вертикална пристапност-лифт.
Инвестицијата е на МОН со вредност од 25 милиони денари. Рокот за изведба е 20 месеци, но според динмиката на градба можно е отворање на училиштето порано од предвиденото.
Подрачното училиште во Хром, Димитар Поп Георгиев Беровски, беше пуштено во употреба во септември 2012 година како петолетка. Во 2016 училиштето беше доградено, со капацитет за вкупно 130 ученици. Училиштето не е е нова градба туку се адаптирани простории на Општо-народна одбрана.
Имајќи в предвид дека Хром е брзорастечка населба и бројот на деца секоја година е поголем, училиштето нема капацитет да ги згрижи сите ученици. Ова е проблем кој се провлекува со го години.
Само за споредба, оваа училишна година се запишаа 50 првачиња, во моментов запишани се повеќе од 300 деца, и настава се одвива до 9-то одделение.
Заплеткана слика за подрачното училиште (нерасчистени имотно-правни односи, друга намена на парцели) Беровски, оваа општинска администрација ја расплетка за 3 години. Владата преку МОН ги започна градежните работи за доградба на крилото во училиштето со чија изведба се решава овој проблем на жителите од Хром.
Воедно, се заменува и енергенсот на загревање. Наместо досегашното на нафта, училиштето и градинката Росица се приклучуваат на мрежата на парно греење на БЕГ.
Паралелно општината со сопствени средства ќе ја гради спортската сала во училиштето.
Образовната инфраструктура е клучна за обезбедување квалитетен наставен процес.