Заедно хумани, за повеќе детски насмевки

Новата година е асоцијација на весела атмосфера, подароци, семејни собири. За жал, не сите деца можат еднакво да го почувствуваат новогодишното расположение. За таа цел ,Градоначалникот Александар Наумоски  со претседателот на Советот Илија Спасовски и советникот Влатко Цветковски се приклучија кон хуманитарната акција на навивачките групи во Ѓорче и донираа новогодишни подароци и средства за децата во социјален ризик. Некому овој мал гест може да му донесе голема радост.

Секоја чест за акцијата на ФК Македонија Ѓорче Петров преку која се  обидуваат да насмеат и израдуваат што повеќе дечиња достоинствено да ја пречекаат новата година.

Сакаме радоста и убавите мигови да им бидат секојдневни. На сите деца им посакуваме добро здравје, среќа и радост, велат оттаму.