Задолжително да се дезинфицираат влезовите

Кризниот штаб на општина Ѓорче Петров донесе одлука фирмите-управители и претседатели на заедници на станари и станари во нерегистрирани заедници веднаш и неодложно да извршат дезинфекција на влезовите.

Дезинфекцијата мора да биде повторена во рок од 5 до 7 дена, а Одделението за инспекциски работи ќе врши редовна контрола.

За непочитување на наредбата ќе следат најостри санкции за сите станари во влезот.