Завршниот годишен настан на Федеарацијата на училишен спорт оддржана во ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“

Градоначалникот Александар Наумоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекџиевски присуствуваа на завршниот настан ,,Отворена училишна спортска недела“ кој се одржа во нашата општина во дворот ООУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Спортот како важна нишка во развојот на децата мора да се практикува и во време на пандемија. Спортувањето на отворено е повторно дел од нашето секојдневие, да го искористиме најмногу што можеме, рече Наумоски.
Воедно Федерацијата на училишен спорт додели спортски реквизити на општинските училишта каде се реализира спортски активности огранизирани од општинскиот сојуз.
Истовремено, денеска се одбележаа и 62 години од основањето на училиштето кое го носи името на нашиот национален деец и револуционер Димитар Поп Георгиев Беровски.