Завршен кровот на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Успешно завршуваме уште еден проект – училиштето “Димитар Поп Георгиев-Беровски” – централно доби нов кров! Поставени беа најсовремени лимени панел плочи, со изолација и хидро заштита.

 Општина Ѓорче Петров ги реализира дадените ветувања и создава подобри услови за најмладите. Во образованието следат уште големи проекти.

 Во дворот на ова училиште заедно со Агенцијата за млади и спорт градиме уште еден капитален проект-базен. Особено важно ни е да придонесеме за физички здрави генерации. Базенот, според динамиката, треба да се заврши во предвидениот рок.