Завршено реновирањето на станот на Венера од Ѓорче Петров

Општината неодамна целосно го заврши реновирањето на станот на Венера од Ѓорче Петров. Заедно со физички и правни лица, успеавме повторно да го адаптираме за живеење за неа и нејзината ќерка станот кој беше зафатен од пожар.
На Венера, општина Ѓорче Петров и помогна и со парична помош и пакети со храна и облека за неа и нејзината ќерка, а се понудивме и за останата помош, доколку и е потребна.