Завршени и проекти во тек во Дексион

Во изминатите нецели три години, во континуитет работиме на подобрување на условите за живот низ целата општина.
Стартуваме со пресек-објави за проекти во Дексион.

Во ова населено место поставивме ново ЛЕД осветлување-променети беа 308 светилки. Дексион добива и нова фекална канализација на ул. “Црногорска” во должина од 800 метри.
Исто така, во градинката „Кокиче“ инсталирани се нови инвертер клими, а во делот на животната средина-засадени се 80 нови садници и обновена дел од зелената површина.

Продолжуваме со објави за Дексион и во наредните денови.