Завршена реконструкцијата на ул.”4” во Ново Село

Со завршување на изработката на бехатон елементи на улицата “4” во Ново Село, општина Ѓорче Петров го реши долгогодишниот проблем на тамошните жители кои во повеќе наврати реагираа, особено за состојбата на улицата по поројни дождови.
И во текот на летниот период, интензитетот на работа нема да биде намален, напротив, ќе се работи со засилено темпо се до реализација на зацртаните планови кои се во интерес на граѓаните на Ѓорче Петров.