Забележително зголемена количина смет-апел за свесност кај граѓаните

Согласно првичните резултати од анкетата која ја спроведувамена социјалните мрежи за детектирање на проблемите и нивно брзо решавање, а е на барање на граѓаните, на повеќе локации во Ѓорче Петров службите извршија вонредно чистење на контејнерите и околу нив.

Забележително е значително зголемување количина на кабаст отпад кој се фрла околу контејнерите, што дополнително ја отежнува работата на нашите служби.

На улицата “Воин Драшкоци” во Хром во повеќе наврати интервенираме вонредно, но повторно наидуваме на иста состојба. Апелираме за подигнување на свеста во однос на фрлањето ѓубре и смет, заради почисто Ѓорче, но и поради можното ширење зарази, особено во летниот период.