Есенска дезинфекција и дератизација

Општина Ѓорче Петров ја спроведе редовната дератизација и дезинфекција на територија на општината.
Опфатени беа шахти на фекална и атмосферска канализација, како и подрумските и тавански простории на сите шест основни училишта во Ѓорче Петров, како и двете подрачни “Димитар Поп Георгиев Беровски” во Хром и “Јоаким Крчовски” во с.Никиштане.