Елиминирани над 7.000 септички јами-заокружен проектот за изградба на канализациона мрежа за селата Волково, Волково-Пржина, Кисела Јабука и Стопански Двор.

Со изградбата на последните 16 километри, финишираше изведбата на канализационата мрежа во руралниот дел на општината. Со ова се решава долгогодишниот проблем на граѓаните со кој септичките јами се ставаат надвор од употреба а  се заштитуваат артериските бунари во сливот на реките Вардар и Лепенец. Вкупната инвестициона вредност за изведбата на последните 16 километри е 35 милиони денари, средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Проектот за фекална канализација е започнат во 2006, поставена е канлизација во должина од 80 километри со што примарната мрежа е 100 % порекриена, а секундарната мрежа 70 проценти. Општината досега успешно се справуваше со овој проблем. Продолжуваме со исто темпо и реализација на секундарната канализациона мрежа.