Едукација за млади спортисти од општината

Општина Ѓорче Петров ја поддржа првата едукација за млади спортисти во организација на Центарот за едукација и менаџмент во спортот-ЦЕМС и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, што се одржа во Домот на култура.
Ѓорче Петров е првата општина во која се одржа овој спортски промотивен настан.
Предавањата беа на тема “спортска психологија, совети за здрава храна и теорија и методика”.
Присутни беа околу 150 ученици од општината што добија сертификат за едукација за спорт, а беа доделени и благодарници на истакнати спортски работници од Ѓорче Петров.