Драги сограѓани Роми,

Општина Ѓорче Петров Ви го честита 8ми Април, националниот празник на Ромите.

Со оддржување првиот Ромски конгрес, пред 50 години, се стави печат на ромскиот идентитет и се поставија темелите на ромската нација. 30 години подоцна, Ромите се впишуваат и во Уставот на Македонија. Оттогаш мисијата е зедничка, само сплотени и рамноправни можеме да одиме напред и да градиме држава со европски вредности.

Ние како локална власт се вклучуваме директно во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои граѓаните од ромската заедница се соочуваат и ќе ги обезбедиме сите права и обврски кои ви се загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија.

Услугите на институциите се еднакво достапни за сите. ‪Затоа е особено важно за сите, за целиот наш колектив, да се дојде до задоволителни состојби кои ќе обезбедат подобар квалитет на живеење на Ромите во сите населби.

Bahtalo о 8. April sa e Romenge!