До крајот на годината ќе се заврши доградбата на ООУ „Тихомир Милошевски“

Со добро темпо се изведува доградбата на основното училиште „Тихомир Милошевски“. Се очекува порано од предвидениот рок, односно до крајот на годината во функција да бидат новите 500 квадрати, односно 6 училници, 2 канцеларии, санитарни чворови, лифт и чајна кујна.

Новите простории се надоврзани со веќе постоечкиот дел на училиштето, односно имаат топла врска. Се реконструира и постоечкиот систем за греење кој досега беше на дрва. По проект, предвидено е да биде на нафта.

По завршување на доградбата, наместо како досега во три, се очекува наставата да се одвива во две смени. Паралелно, со иста динамика се доградува и училиштето „Димитар Поп Георгиев-Беровски“- подрачно со што значително ќе го растеретиме сегашниот просторен капацитет во оваа образовна институција. Истовремено, решаваме и долгогодишен проблем кој ги засегаше родителите чии дечиња учат во училиштето во Хром.