Донирани 10 прочистувачи за воздух во градинката Росица

Во борбата за почист воздух, нашата општина, Владата и приватниот сектор  преземаат сериозни чекори да се обезбедат прочистувачи на воздухот за објектите каде што најмладите го поминуваат најголемиот дел од денот.

Благодарение на Скопски Пазар, денеска во градинката Росица, клон Пампурче,  во населбата ,,Даме Груев” поставени се  10 прочистувачи на воздух.

Оваа донација од Скопски Пазар е  повеќе од добредојдена, бидејќи со овие уреди значително ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се намали ризикот од заболување на дишните патишта на децата.

Десетте  уреди ќе бидат поставени во 10 простории за престој на децата, со што објектот Пампурче ќе  биде целосно обезбеден со прочистувачи.

Останува определбата да се справиме со загадувачите и во таа долготрајна борба не смееме да ги запоставиме позитивните ефектите и решенијата што ги нудат прочистувачите на воздухот. Затоа, за нас приоритет се градинките и училиштата, со цел, најмладите, во просторот каде што го поминуваат најголемиот дел од денот, да имаат поквалитетен воздух и слободно да ги извршуваат сите активности.