Донирани фустани за полуматурантите  од основните училишта во општина Ѓорче Петров

Секое дете ни е важно!

Општина Ѓорче Петров во хуманитарна акција. Да се помогне онаму каде е најпотребно, овој пат на полуматурантите.

Педесетина деветооделенки од 6-те основни училишта во општината ќе им се радуваат на донираните фустани за полуматурската вечер.

Идејата за оваа акција потекна од Социјалната општинска патролна служба која ги обезбеди фустаните и се погрижи акцијата да помине во најдобар ред.

Со среќа во новото поглавје од животот  и уписот во средното образование!