Донесен е Буџетот за 2021 година

Со мнозинство гласови Советот на Општина Ѓорче Петров го донесе Буџетот за 2021 година. Опозицијата гласаше против носење на Предлог Буџетот за 2021 година.

Донесовме  развоен, добро избалансиран Буџет , со фокус на капиталните инвестиции, системска функционалност и социјално-економска поддршка за справување со последиците од пандемијата.

Низ транспарентен и партиципативен процес во консултација со граѓаните создадовме Буџет со кој ќе ги решиме препознаените проблеми  и ќе ги задоволиме нивните потреби, истакна претседателт на Советот Илија Спасовски.

Од проектите кои ќе се реализираат во 2021 година ги издвојуваме следниве:

-Доградба на подрачното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски во Хром

-Изградба на спортска сала во подрачното училиште во Хром,

-Доградба на ООУ,,Тихомир Милошевски” во Ново Село,

-Финиширање на градинката во Волково,

-Доградба на три занимални на градинката Росица, објект Детелинка,

-Довршување на пливачки базен во дворот на ООУ,,Димитар Поп Георгиев Беровски”

-Завршување на водоводната мрежа  во руралниот дел ( Стопански Двор, Волково, Кисела Јабука, Ново Село, Орман и Кучково)

-Изградба на фекална и атмосферска канализација во урбан и рурален дел на општината,

-Реконструкција на улица Антон Кецкаров, реконструкција на улица Кузман Шапкарев,

-Реконструкција на дополнителни 22 улици во урбаниот и руралниот дел на општината,

-Завршна фаза на изградбата на Корзо

-Изградба на тротоари, урбани катчиња и зелени површини

Новиот буџет изнесува 815.921.622 денари.

-Изминативе  три години покажавме дека работиме посветено за секој наш сограѓанин. Поделбите нема да ни донесат единство кое ни е потребно за напредок. Продолжуваме Посветено За Ѓорче Петров, истакна Градоначалникот Александар Наумоски.

На 49 седница на Советот на ОЃП со мнозинство гласови беа усвоени и предлог програмите за работа во сите сектори за 2021 година.