Донесен ДУП-от за Хром

Просторот во населбата Хром конечно после 20 години ќе биде правилно искористен.

Со донесувањето на новиот Детален урбанистички план за градска четврт СЗ 20 кој доби “зелено светло” од советниците, се овозможува плански развој, осовременување и целосно уредување на просторот.

Во постапката за донесување на ДУП-от за Хром за кој се расправаше на 32-рата седница на Советот, општина Ѓорче Петров ги обезбеди сите потребни позитивни мислења и согласности од институциите.