Донација од Interaktiv schule sport und soziales gGmbH од Германија

Голема донација од Interaktiv schule sport und soziales gGmbH од Германија за училиштата од Ѓорче Петров! Учениците добија нов школски прибор и реквизити.

Општина Ѓорче Петров упатува голема благодарност до Бастиан Шлиеркамп, директор на Interaktiv, нашата голема ракометна ѕвезда Ацо Јоноски и Баже Величковски, наш сограѓанин кој живее и работи во Германија, бидејќи без нив, ова немаше да се реализира.